Почетна НОВОСТИ Ердоган: Ако уште еден војник биде повреден, Турција ќе ја нападне Сирија

Ердоган: Ако уште еден војник биде повреден, Турција ќе ја нападне Сирија

214
0

Турција ќе ги нападне сириските владини сили каде било во северна Сирија, ако уште еден турски војник биде повреден, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Тој додаде дека Турција е одлучна до крајот на февруари да ги потисне сириските владини сили зад турските набљудувачки пунктови во северозападната покраина Идлиб.

– Тоа ќе го направиме на кој било начин, од воздух или од земја – посочи Ердоган.

ОСТАВИ ОДГОВОР

Ве молиме, внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде