Почетна ЗАНИМЛИВОСТИ Апликации кои ќе ви го направат карантинот поднослив и интересен

Апликации кои ќе ви го направат карантинот поднослив и интересен

397
0

 

Доколку сте уморни од социјалните мрежи и постојаното скролање, а притоа не знаеме до кога ќе седиме во карантин, еве неколку апликации кои се поразлични, забавни, и поучни и можат вашето карантинско секојдневие поминато на Интернет да го направат интересно.

Речиси сите од нив се бесплатни за преземање, пронајдете ги вашите афинитети и започнете.

1. Stop, Breathe & Think – Застани, Диши и Мисли

Оваа медитациска апликација е дизајнирана да ви го одмори умот. Започнувате со проверка и проценка на вашата физичка и емоционална состојба. Апликацијата потоа ги пребарува и оценува  овие резултати и ви нуди активности како правилно дишење, кратки медитации смирувачка компилација на видеа за мачки – засновано врз вашата самоевалуација. Овие активности се доволно кратки за да го задржат вашето внимание, и доволно значајни за да ја спречат анксиозноста, нудејќи бран на смиреност.

2. EdX

Одличен начин да научите нешто ново, или да се надоградите од веќе познатите нешта. EdX бесплатно ви нуди околу 2.000 курсеви од речиси сите области од повеќе од 200 универзитети низ целиот свет.

3. Duolingo

Одлична апликација за учење на јазици. Структурирана како игра, брза и ве поттикнува да продолжите со бесконечните, но возбудливи награди.
Постојат 35 јазици што треба да се испробаат, вклучително и измислени јазици како „Клингтон“ на „Стар Трек“ и „Вилиријан“ на „Игра на тронови“. Излезете од изолација како полиглот.

4. Project Foodie: Guided Cooking

Аматерските готвачи на светот кои сакаат да ги прошират своите кулинарски способности, Project Foodie ве слуша, и знае дека сте способни за повеќе. Затоа ги разложува рецептите чекор-по-чекор во видео, предводено од професионални готвачи.

5. Aaptiv

Апликација за аудио-базиран личен тренер, така што нема да треба да го вадите телефонот за да видите што следува – само фокусирајте се на изговорените упатства и на вашето тело. Ако не знаете од каде да започнете, апликацијата избира кои вежби ќе ви помогнат најдобро.

6. Playing solo: The Sims Mobile

Симс сега може да биде забавен повеќе од кога и да било – манипулирајте со животот на виртуелна личност која може да купува, да оди на состаноци, да прави забави – сè што не можеме да направиме сега.

ОСТАВИ ОДГОВОР

Ве молиме, внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде