Почетна МАКЕДОНИЈА „Дигитални услуги за сите” – нова веб платформа сега достапна за сите

„Дигитални услуги за сите” – нова веб платформа сега достапна за сите

275
0

 

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ Скопје) направи веб платформа  за дигитални услуги достапни за сите граѓани на нашата земја.  На платформата „Дигитални услуги за сите”  на граѓаните им стојат на располагање голем број на услуги кои поради ограничувањата на движењето и коронавирусот не се во можност да ги направат. Исто така, во платформата во себе ги интегрира предностите кои со себе ги носи дигитализацијата.

Платформата се состои од три различни видови на дигитални услуги, кои го олеснуваат секојдневието. Првиот дел се состои од бесплатните алатки достапни за сите граѓани, кои нудат можност за едукација, онлајн работење, следење културни настани, но и забава. Бесплатните алатки се категоризирани во неколку следниве категории:

  • Е-учење
  • Култура и уметност
  • Настани
  • Работа од дома
  • Спортски активности

Вториот дел од веб платформата е наменет за сите оние кои сакаат да купуваат онлајн и ги содржи речиси сите е-продавници  во земјава. Тие се пребаруваат по одредена  категорија (облека, се за дома, култура, убавина и здравје, храна и пијалаци и други категории), овозможувајќи на лесен и едноставен начин да се дојде до посакуваниот производ.

Третиот дел од веб платформата пак, се однесува на онлајн плаќањето на сметки за струја, вода, греење, телекомуникации и останати режиски трошоци на брз, лесен и едноставен начин.

На веб платформата е достапна и посебна алатка преку која секој посетител може да предложи конкретна бесплатна алатка да биде објавена и промовирана, без разлика дали станува збор за е-платформа за учење, алатка за работа од дома, онлајн курсеви, онлајн книги, филмови, музика и телевизиски содржини. Исто така, сопственик или купувач од е-продавница која не е дел од платформата може да поднесе барање преку контакт формата со цел да се додаде нова онлајн продавница.

 

ОСТАВИ ОДГОВОР

Ве молиме, внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде