Почетна ЗАНИМЛИВОСТИ Дубровничка република – слобода која не се продава за цело злато на...

Дубровничка република – слобода која не се продава за цело злато на светот

155
0

Дубровник денес е еден од најубавите градови во Европа, а неговата убавина дополнително почива врз минатото и гордоста со која народот во Дубровник го бранел она што било нивно во постојаната борба против освојувачите. Градот Дубровник и неговата убавина ја открија сè повеќе луѓе и поради познатата серија  „Game of Thrones“, која содржи многу сцени од овие локации.

Од повеќето легенди за настанувањето на градот Дубровник, историски најоснован е оној што го поврзува создавањето на новиот град со уништувањето на римскиот град Епидаурум (на местото на денешниот град Цавтат).

Епидаурум во VII век бил уништен од Аварите и Словените, а преживеаните жители се населиле во блиската шумска област и на малиот карпест остров Лаус.

Пред пристигнувањето на жителите од Епидаурум, островот бил веќе населен, а со нив значителнио се зголемил бројот на населението. Островот бил одвоен од копното со тесен канал, така што населбата на островот била заштитена и од морето и од копното.

Подоцна морскиот канал бил затворен и пополнет, а денес на негово место се протега најпознатата улица во Дубровник-Страдун.

Од своето основање, Дубровник се наоѓал во постојана борба да ја сочува својата територија, се до почетокот на XII век со кратки прекини, ја признава византиската власт, а од 1205 год. е под директна власт на Млетачката Република (Венеција). Дубровничката Република станала независна од Венеција во 1358 година.

Официјалното мото на Дубровничката Република било – NONE BENE PRO TOTO LIBERTAS VENOITUR AURO (Слободата не се продава за целото злато на светот).

Дубровник бил мало место дури и според стандардите од тоа време, во и околу градските ѕидини имало помалку од 10.000 луѓе, плус  помалку од 100.000 во целата лента на тесниот далматински брег и островите што ја сочинувале Републиката. Сепак стотиците бродови кои ја сочинувале трговската флота биле позначајни од бродовите во Венеција.

Водачите и дипломатите на републиката и денес сè уште се предмет на истражување, поради нивните незаменливи дипломатски вештини. Тие во векови преговараа за договори за слободна трговија, кои обезбедија просперитет и мир за Дубровник. Тајната на исклучителниот успех на Дубровничката Република, беше несомнено нејзината слобода.

Нејзината власт иако била аристократска по природа, била мала, ограничена и скоро без корупција.

Во тоа време жените добиле значителна економска слобода, што е реткост во светот. Во време кога се очекувало жените да бидат подредени, жените претприемачи изградиле огромни богатства. На жените им било дозволено да носат накит и да произведуваат накит и можеле да тргуваат во целост самостојно.

Прочитајте повеќе за историјата на Дубровник на следниов линк.

ОСТАВИ ОДГОВОР

Ве молиме, внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде