Почетна НОВОСТИ Група доктори од САД тврдат дека го имаат лекот против коронавирусот

Група доктори од САД тврдат дека го имаат лекот против коронавирусот

215
0

 

Група лекари станаа вирални на Интернет затоа што го споделија третманот за коронавирус, при што тврдат дека излечиле стотици луѓе.

Д-р Стела Имануел, општ лекар во Хјустон во Соединетите Држави, застана со неколку други на скалите на Капитол Хил во Вашингтон за да рече дека успешно третирала повеќе од 350 лица со коронавирус користејќи хидроксихлорокин.

Хидроксихлорокин е лек кој се употребува против маларија а Доналд Трамп тврди дека лекот против маларија е одбиен како можно средство против Covid-19 само поради тоа што тој го предложил, пренесе Би-би-си.

„Пациенти со дијабетес, пациенти со висок крвен притисок, пациенти со астма, стари лица… Мислам дека мојот најстар пациент е на возраст од 92… 87 години. И резултатот беше ист. Ги ставам на хидроксихлороин, ги ставам на цинк, ги ставам на Зитромакс, и сите тие се добро “.

Д-р Имануел тврди дека лекот функционира, во видеото кое имало повеќе од 20 милиони прегледи, но сега веќе е отстрането.

Сепак една студија спроведена од универзитетот Оксфорд открива дека лекот не е ефикасен против Covid-19 кај пациенти кои што примаат третман од болницата.

Медицинските испитувања досега беа неубедливи и резултатите од поголеми студии ќе бидат потребни за да се знае дали е ефикасен лек или не.

Во јули, администрацијата за храна и лекови во САД предупредува на употреба на хидроксихлороин надвор од какво било болничко опкружување, заради можни ризици од несакани ефекти на срцето како и оштетување на бубрезите и црниот дроб.

 

Извор: www.news.com.au

ОСТАВИ ОДГОВОР

Ве молиме, внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде