Почетна НОВОСТИ Излечен првиот пациент од коронавирусот

Излечен првиот пациент од коронавирусот

851
0
epa08161744 A picture released by Xinhua News Agency shows a medical worker checking the drip of a patient in the Intensive Care Unit (ICU) of Zhongnan Hospital of Wuhan University in Wuhan, Hubei Province, China, 24 January 2020 (issued 25 January 2020). On 25 January, the National Health Commission of China confirmed the death toll from the Wuhan coronavirus outbreak has risen to 41 with 1,287 cases of patients infected as of 24 January. EPA-EFE/XIONG QI / XINHUA MANDATORY CREDIT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES
  Оваа година започна со веста за мистериозната болест на белите дробови односно, смртоносниот вирус наречен коронавирус кој ја покори Кина. Имено според досегашните информации од Светската здравствена организација досега се починати 170 лица, а инфицирани се повеќе од 7.700 пациенти. Одборот за вонредни ситуации во Светската здравствена организација денеска повторно ќе проценува дали новиот коронавирус сега претставува вонредна ситуација. Меѓутоа светлата точка и надеж во целата ситуација е веста дека е излечен првиот пациент кој бил заразен од вирусот. Медиумите пренесуваат дека станува збор за пациент Јанг Ли, кој има 34 години. Тој работел во едно претпријатие во Вухан. Инфекцијата кај него била регистрирана на 9 јануари, а на лекување заминал на 21-ви јануари. По десет дена e отпуштен од болницата во Сечуан. – Се восхитувам на посветеноста на медицинскиот персонал. Тие се прекрасни. Треба да веруваме дека лекувањето кое го спроведува експертскиот тим во медицинскиот центар и грижливата нега на медицинските сестри водат до брзо опоравување. На сите пациенти им посакувам брзо опоравување – порача Јанг Ли. Во градот Хуанганг е отворена првата болница за лекување болести предизвикани од коронавирусот. Уште една се гради во близина на Вухан. Како што се најавите, ќе биде готова за седум дена. Првите пациенти ќе бидат примени на 3 февруари, а медиумите пренесуваат дека Кина гради уште четири болници, за да го спречи ширењето на болеста опасна по животот.

ОСТАВИ ОДГОВОР

Ве молиме, внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде