Почетна УБАВИНА И ЗДРАВЈЕ Јогуртот во борба против настинка?!

Јогуртот во борба против настинка?!

204
0

 

Јаглехидратите во јогуртот обезбедуваат енергија, кои се важни за да ви помогнат да се опоравите од настинката, според Кристи Л. Кинг, постар регистриран диететичар во детската болница во Тексас и национален портпарол на Академијата за исхрана и диетика.

Јогуртот е хранлив и полн со пробиотици кои се корисни за здравјето. Студиите кои ги разгледале пробиотиците откриле ветувачки резултати во однос на намалување на времетраењето и зачестеноста на настинки.
Јогуртот содржи и друг имунолошки засилувач: цинк. Истражувањата покажуваат дека цинкот може да го намали времетраењето на симптомите на настинка, но количините на цинк кои се потребни се најмалку 75 милиграми.

„Не се потпирајте само на јогуртот за да се изборите со настинката, но во врска со здравата исхрана, јогуртот може да биде корисен“, рече Кинг.
„Јогуртот е со мазна текстура, па ако имате болно грло, па дури и течење на носот, корисно е да се јаде“.

За максимални придобивки, Кинг препорачува да се јаде обичен јогурт со друга храна богата со антиоксиданти, како што се бобинки, кои придонесуваат за природна сладост. Комбинирањето на јогуртот со боровинки или јагоди ќе ви даде дополнителна доза на витамин Ц и антиоксиданти за да се борите против настинките.

 

Извор: edition.cnn.com

ОСТАВИ ОДГОВОР

Ве молиме, внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде