Почетна ЗАНИМЛИВОСТИ Како Емилија замина во Германија и се вработи како медицинска сестра

Како Емилија замина во Германија и се вработи како медицинска сестра

1591
0

Секој човек сонува да го работи тоа што го сака. А кога се остварува сонот, тоа е најголемиот успех што човек може да го посака.

Емилија е девојка од Скопје, која завршува средно училиште за медицински сестри пред две години, а нејзиниот сон е да работи како медицинска сестра и да им помага на оние на коишто навистина им е потребна помош.

После скоро две години неуспешно барање на работа во Скопје, одлучува да се откаже од нејзината кариера како медицинска сестра и сака да замине во странство и да работи каква било работа во потрага за подобра иднина.

Меѓутоа, сосема случајно на социјалните мрежи открива агенција која овозможува вработување во странство. Тоа е агенцијата Артигумкоја нуди работа во област на медицината во Германија, а во исто време и овозможува изучување на германскиот јазик. Ова откритие буди голем интерес кај Емилија и таа започнува детално да разгледува и да истражува се за агенцијата.

Емилија е позитивно изненадена од задоволните коментари на луѓето кои ги користеле услугите на агенцијата.

Истражувајќи понатаму наидува на веб страната на агенцијата на која подетално се опишани сите услуги кои ги нуди агенцијата. Она што позитивно jа изненадува е можноста да научи германски бесплатно, бидејќи токму оваа агенција дава можност бесплатно да се изучува германскиот јазик. После ова сознание таа веднаш ја контактира агенцијата при што добива детално објаснување на целата програма.

После разговорот со вработена во агенцијата Емилија е веќе сигурна дека тоа е вистинскиот чекор што треба да го направи во моментот. Иако таа е сигурна, сака уште еднаш да поразговара со своето семејство за да го слушне и нивното мислење. По разговорот, тие заедно одлучуваат дека ова е можност која не треба да се пропушти.

Емилија по природа е личност која секогаш темелно сака да ги истражи сите можности пред да донесе конечно решение. Откако уште еднаш да разговара со вработените во агенцијата, продолжува и понатаму да се информира, така што и чита коментари од задоволни корисници. Исто така, стапува и во контакт со личност која што веќе ја користела услугата на оваа агенција. После ова истражување, таа е уверена дека ова е вистинскиот избор за неа и вистинскиот чекор кој треба да го направи во овој момент во животот.

Емилија станува дел од проектот на оваа агенција, која овозможува секојдневна настава, 4 часа, по германски јазик .

Таа е задоволна како добро се организирани часовите. Имано, наставата се одвива во два термини од 08:00 до 12:00 и од 16:00 до 20:00h. Вака организираната програма и дава можност да го одбере било кој термин во денот, во зависност како е организирана со останатите обврски. Нормално, почетните недели се многу напорни и исцрпувачки додека да се навикне на темпото, меѓутоа подоцна станува се полесно и полесно, со што и нејзината мотивација се зголемува.

После два месеци, таа е повикана на интервју за работа. Емилија се чувствува спремна, иако има премногу трема бидејќи смета дека нема доволно искуство во работата. Доживува уште едно позитивно искуство, а тоа е односот на германците кон потенцијалните вработени. Тие се многу културни и имаат целосно разбирање за медицинските сестри. Емилија успева да остави добар впечаток кај нив и тие ја одбираат токму неа да почне да работи за нив.

После одреден период и напорна работа таа го завршува курсот и полага Б2 тест. Го зема сертификатот и веќе може да замине за Германија. Тимот на агенцијата и помога во средување на сите документи за нострификација на дипломата и виза за Германија како и за понатамошно полагање на стручниот испит во Германија. Исто така, агенцијата и помага и во пронаоѓање на стан во Германија.

Емилија заминува за Германија и почнува конечно да го работи тоа што го сака. Во Германија има подобра плата, подобри услови и можности да ја учи професијата како и да напредува.

Емилија е среќна и благодарна на агенцијата „Артигум“ која и овозможува шанса во вистинскиот момент од животот. Агенцијата и помага да си го оствари својот сон, да најде добра работа со добра плата и можност за унапредување во држава со висок животен стандард.

ОСТАВИ ОДГОВОР

Ве молиме, внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде