Почетна НОВОСТИ Куќата на Хитлер во Австрија ќе биде полициска станица

Куќата на Хитлер во Австрија ќе биде полициска станица

114
0

 

Зградата во која се роди нацистичкиот лидер Адолф Хитлер во Австрија ќе биде претворена во полициска станица, објавија од австриското Министерство за внатрешни работи, по повеќегодишна правна расправија.

Министерот за внатрешни работи Волфганг Пешорн изјавил за CNN дека „идната употреба на куќата од страна на полицијата треба да испрати непогрешлив сигнал дека оваа зграда никогаш повеќе нема да биде место за одбележување на нацизмот“.

Судбината на имотот е предмет на долг спор.

Додека некои барат таа да биде срушена, други тврдат дека треба да се користи за добротворна работа или како куќа на помирување.

Некогаш куќата била дневен центар за хендикепирани лица, за да во 2014 година се иницирал планот да се претвори во центар за бегалци.

Австриската Влада ја презвема куќата во 2016 година под задолжителна нарачка, за цена од 810.000 евра.

ОСТАВИ ОДГОВОР

Ве молиме, внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде