Почетна ЗАНИМЛИВОСТИ Мистериозно појавување на розов мраз на Алпите

Мистериозно појавување на розов мраз на Алпите

135
0

 

Научниците во Италија ја испитуваат мистериозната појава на розов глечерен мраз на Алпите, предизвикана од алги кои ги забрзуваат ефектите од климатските промени.

Научниците дебатираат за тоа од каде доаѓаат алгите, но Бјагио Ди Мауро од италијанскиот Национален совет за истражување рече дека розовиот снег веројатно е предизвикан од истото растение коешто се наоѓа во Гренланд.

Растението познато како Ancylonema nordenskioeldii, е присутно во таканаречената Мрачна зона на Гренланд, каде што се топи мразот.

Мразот одбива повеќе од 80 проценти од сончевото зрачење и го испраќа во атмосферата, но како што се јавуваат алгите, тие го затемнуваат мразот и така ја апсорбираат топлината и мразот драстично побрзо се топи.

Ако мразот брзо се топи, се појавуваат повеќе алги, што им дава вода и воздух и додава црвена нијанса на белиот мраз на глечерот Пазо гавија, кој е на надморска височина од 2.618 метри.

„Сè што го затемнува снегот, предизвикува да се стопи затоа што ја забрзува апсорпцијата на зрачењето“, рече Ди Мауро.

„Прегревањето на планетата е проблем, последното нешто што ни беше потребно беше алгите“, рече туристката Марта Дуранте.

„За жал, правиме неповратна штета. Мислам дека веќе сме во точка кога нема враќање“.

Елиса Пончини од Фиренца изјави дека чувствува дека Земјата „ни враќа се што сме направиле за тоа“.

„2020 година е посебна година: се случија ужасни работи“, рече таа. „Според мое мислење, атмосферските феномени се влошуваат. Климатските промени стануваат се повеќе очигледни“.

Извор: www.sciencealert.com

ОСТАВИ ОДГОВОР

Ве молиме, внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде