Почетна НОВОСТИ Најмалку 10 повредени и 4 убиени на забава во Калифорнија

Најмалку 10 повредени и 4 убиени на забава во Калифорнија

127
0

Најмалку четири лица загинаа, а 10 се повредени откако непознат сторител влегол во двор на приватна куќа, каде една група гледала спортски натпревар и почнал да пука.

“Жртвите присуствувале на собир на семејство и пријатели во дворот на приватна куќа кога непознат осомничен се приближил и отворил оган”, изјави полковникот на полицијата Фресно, Бил Доли, пред новинарите за време на брифингот за печат.

Инцидентот се случи синоќа во градот Фресно, Калифорнија.

Три лица се пронајдени мртви во дворот, а четвртиот им подлегнал на повредите во болница.

Другите шест повредени се хоспитализирани и во добра здравствена состојба.

 

Извор : CNN

ОСТАВИ ОДГОВОР

Ве молиме, внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде