Почетна ЗАНИМЛИВОСТИ Следната пандемија доаѓа – и порано отколку што очекуваме, благодарејќи на промените...

Следната пандемија доаѓа – и порано отколку што очекуваме, благодарејќи на промените во животната средина

817
0

 

Симон Рид, вонреден професор на Универзитетот во Квинсленд, истражувач на заразни заболувања, вели дека е фрустриран и дека работата на неговите колеги претежно се игнорирала изминатите години – а токму експертите за заразни болести предупредувале за токму ова сценарио, односно појава на пандемија.

Всушност, предупредувањата за пандемија слични на САРС-КоВ-2 се појавуваат во објавени истражувања и извештаи кои опфаќаат повеќе децении.

Во 2017 година, истражувачкиот тим кој го откри потеклото на САРС – кој дели 80% од нејзината генетска секвенца со САРС-КоВ-2 – предупреди дека постои можност за вирусот повторно да удри.

Истражувачите велат дека влијанијата на човекот врз природниот свет предизвикуваат појава на нови заразни болести почесто од кога било, што значи дека следната пандемија – можеби дури и полоша од КОВИД-19 – е само прашање на време.

„Знаеме дека тоа е веројатност, а не можност“, вели д-р Рид.

„Тркалото на рулет повторно ќе започне да се врти”.

Скоро, сите појасни патогени микроорганизми како СОВИД-19 потекнуваат од „зоолошки трансфер“ – во суштина, кога вирус присутен кај животните скока за да ги зарази луѓето.

Истражувачите избројале околу 200 заразни болести кои избувнале повеќе од 12,000 пати во текот на изминатите три децении. Во просек, една нова заразна болест скока на луѓето на секои четири месеци.

Сечењето на шумите или претходно непрекинатите екосистеми, честопати за проширување на земјоделското земјиште, ги исфрла патогените микроорганизми кои биле заклучени во дивината. Биодиверзитетот и загубата на живеалиштата помагаат во ширење на болести кај дивите животни. Густата човечка популација пак го олеснува нивното ширење. Засилувањето на сточарството и зголемениот лов и тргување со диви животни ги мешаат животните како никогаш порано. Индустриското земјоделство значи дека животните честопати се чуваат во преполни и стресни услови што ја намалува нивната имунолошка одбрана и сето ова е двигател на појава на заразни болести.

Истражувачите велат дека владите и здравствените власти треба да се осврнат на она што ги тера масовните епидемии, а не само да одговорат на индивидуални болести ако сакаме да ја избегнеме следната појава.

Извор:  www.abc.net.au

ОСТАВИ ОДГОВОР

Ве молиме, внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде