Почетна ИНСПИРАЦИЈА Стравот од коронавирус не смее да влијае на вашето ментално здравје

Стравот од коронавирус не смее да влијае на вашето ментално здравје

303
0

 

Коронавирусот предизвика сериозна ситуација во која сите треба да бидеме претпазливи, будни и внимателни но кога оваа претпазливост ќе стане презаситна за вашето ментално здравје?

  1. Вежбајте самодисциплина – ограничете го внесот на информации поврзани со коронавирусот и изберете од кои валидни извори ќе ги читате истите. Пронајдете неколку извори на кои имате доверба и држете се со нив. Обидете се да се навикнете да не ја знаете секоја мала работа и да се чувствувате во ред доколку постои неизвесност – изјавува за CNN Лин Буфка, вонреден извршен директор за истражување и политика на Американското здружение за психологија. Вежбајте социјална медиумска самодисциплина и обидете се да го ограничите времето на социјалните медиуми.
  2. Одберете со кои луѓе ќе комуницирате во овој период. „Ако сте презаситени, немојте да одите кај некој што има слично ниво на страв“, вели Буфка. „Барајте некој кој што поинаку гледа на ситуацијата некој кој може да ја намали вашата вознемиренот и да ви даде совет“.
  3. Посветете внимание на вашите основни потреби – Немојте да западнете во размислување за коронавирусот токлу многу така што ќе ги заборавате основните, здрави практики кои влијаат на вашата благосостојба секој ден, а во ова се вклучени: мирен и редовен сон, правилна исхрана, физичка активност дома во зависнот од условите, вежбање на умот со помош на медитација, јога или други форми на грижа за себе.
  4. Во ред е да се грижите и да се чувствувате лошо но клучот е да се работи кон разбирање и контекстуализирање на вашите стравови за истите да не ве спречат да го живеете вашиот здрав начин на живот.

 

Извор: edition.cnn.com

ОСТАВИ ОДГОВОР

Ве молиме, внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде