Почетна МАКЕДОНИЈА За една вечер казнети 203 возачи под дејство на алкохол

За една вечер казнети 203 возачи под дејство на алкохол

125
0

 

Синоќешната акција која траела од 22 часот до 4 часот наутро била спроведена од страна на полициски сектори од цела држава. Целта е откривање на возачи под дејство на алколохол. Во текот на неколкучасовната акција биле казнети вкупно 203 возачи.

Како што информираат од МВР, во акцијата учествувале Одделенијата за безбедност на патниот сообраќај во сите сектори за внатрешни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Откриени биле и 26 останати прекршоци, за кои се издадени 13 мандатни платни налози и 13 прекршочни платни налози.

ОСТАВИ ОДГОВОР

Ве молиме, внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде