Почетна НОВОСТИ Заем од 36 000 евра за брак, долгот се брише по трето...

Заем од 36 000 евра за брак, долгот се брише по трето дете! Плус субвенции за дом, автомобил…!

4853
0

 

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објавува нови мерки на Владата кои вклучуваат поголем заем за семејствата со најмалку две деца за да им се помогне да купат дом, субвенции за купување автомобил и ослободување од данок за жените кои имаат најмалку четири деца.

Дел од мерките се жените помлади од 40 години кои ќе стапат во прв брак, да добијат заем од 36 000 евра. Третина од заемот се простува кога ќе родат второ дете, а целиот заем се брише по раѓањето на трето.

„Унгарците напорно работеа за да остварат висок економски раст“, рекол во неделата Орбан во традиционалното обраќање до нацијата и најавил нови погодности за семејсвата како би се зголемил демографскот раст, а остро ја критикувал проимигрантски настроената опозиција и европската бирократија.

„Бројот на склучени бракови расте, смалена е смртноста на доенчињата, вработеноста од 55 е зголема на 70 отсто, платите растат, повеќе од двојно е зголемена минималната плата“, рекол Орбан и оценил дека по десет години Унгарците повторно веруваат во иднината.

ОСТАВИ ОДГОВОР

Ве молиме, внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде