Почетна НОВОСТИ Драматични откритија: Згрутчување на крвта е присутно во „скоро секој орган“ на...

Драматични откритија: Згрутчување на крвта е присутно во „скоро секој орган“ на пациенти со коронавирус

171
0

 

Студиите од обдукција на пациенти со коронавирус покажуваат дека згрутчување на крвта од болеста е присутно не само во белите дробови, туку и кај „скоро секој орган“, изјави за четврток Си-Ен-Ен патологот на универзитетот во Њујорк.

Д-р Ејми Рапкиевич, претседател на Медицинскиот центар во Њујорк, ги опиша новите откритија како „драматични“.

Кога за прв пат бил откриен вирусот, лекарите сметале дека СОВИД-19 е респираторно заболување како пневмонија, но оттогаш дознале дека вирусот може да предизвика згрутчување на крвта. Овие последици можат да доведат до посериозни проблеми како што се мозочни удари, откажување на бубрезите, воспаление на срцето и компликации на имунолошкиот систем.

Лекарите претходно објавија дека може да се појават прекумерни згрутчувања на крвта во големите крвни садови, како и во белите дробови, срцето, мозокот и кожата.

Но, новата студија сугерира дека згрутчувањето на крвта може да влијае и на помалите крвни садови.

Извор: edition.cnn.com

ОСТАВИ ОДГОВОР

Ве молиме, внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде