Почетна МАКЕДОНИЈА Зоолошката градина во Скопје добива нови слатки животни – алпаки

Зоолошката градина во Скопје добива нови слатки животни – алпаки

225
0

 

На својот фејсбук профил ЗОО во Скопје објавија дека наскоро ќе имаат нови жители. Станува збор за алпаки – припитомен вид на јужноамерикански животни од фамилијата Камили.

Овие животни живеат во стадо на висорамнински предели во Андите во јужно Перу, северна Боливија, Еквадор и северно Чиле, на надморска височина од 3500-5000 метри и таму се задржуваат преку целата година. Алпаките се значително помали од ламите, и за разлика од нив, не се товарни животни, туку се одгледуваат за влакната.

Од овие влакна се изработуваат плетени материјали како ќебиња, џемпери, капи, ракавици и шалови, како и разни ткаенини како понча во Јужна Америка, и блузони, чорапи и постелнина во други делови на светот.

Животниот век на алпаката трае најмногу 20 години. Бидејќи се припитомени тие се чуваат и како домашни животни.

 

ОСТАВИ ОДГОВОР

Ве молиме, внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде